АВТОР Е НА МНОГУ СПОМЕНИЦИ Почина доајенот на македонската ликовна уметност Илија Аџиевски
Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ.
Доајенот на македонската ликовна уметност, Илија Аџиевски почина денеска на 97-годишна возраст.
Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ.
Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и интернационални изложби.
Погребот е закажан за утре во 14:00 часот, на градските гробишта во Струга