АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ СЛЕДНАТА ГОДИНА Треба да биде завршен за 3 години
Рокот за поднесување за понуди на последниот тендер истекува на 30 септември.
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски очекува изградбата на автопатот Скопје – Блаце да почне да се гради следната година.
– Тој проект се реализира со поддршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде воведен во работа – изјави Николоски.
Рокот за изгрaдба е три години од почетокот на активностите.
Автопатот е долг само 12 километри и почна да се гради пред 5 години. Тој беше еден од приоритетните проекти на претходната влада, а главен координатор за неговата реализација беше поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тој ветуваше дека до крајот на мандатот автопатот ќе биде завршен.
Иако проектот беше проценет на речиси 250 милиони евра, до крајот на мандатот на претходната влада беа изградени само 2 километра.
Проектот за изградба на овој автопат датира од 2014 година, кога беше најавен како еден од приоритетите за инфраструктруниот развој на државата.