АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2026 ГОДИНА Досегашниот застој беше поради лоша координација меѓу надзорот и изведувачот
Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гледа дека нешто се гради во Македонија и оставаме трага позади себе со готови проекти, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ прави големи напори и интензивно работи автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба до крајот на 2026 година, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
– Во изминатите шест месеци интензивно работиме на придвижување на работите на овој патен правец – рече Трајановски во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.
Трајановски рече дека во изминатите години немало доволно координација меѓу надзорот и изведувачот на градежните работи, но со присуството на директорот и јавното претпријатие на терен, резултатите се веќе очигледни.
– Ние сме доста ангажирани како јавно претпријатие, со оглед на тоа што немало координација меѓу надзорот и изведувачот и немало доволно присуство од јавното претпријатие. Мислам дека со нашето присуство и со мое лично присуство, скоро секоја недела сум таму на состаноци, сето тоа го дотеравме во ред и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите кон Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта – рече Трајановски.
Тој потенцираше дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена, а како доказ за тоа се делата и проектите.
– Во рок од 6 месеци оваа Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, на чело со министерот за транспорт и врски успеавме да завршиме и да ги пуштиме во употреба два патни правци што се многу значајни. Јас можам да кажам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, се гледа дека нешто се гради во Македонија и оставаме трага позади себе со готови проекти. Значи, ние затоа сме дојдени на власт и затоа сме на власт, за да на граѓаните коишто ни ја дале довербата да ја оправдаме таа доверба, ама да ја оправдаме со дела, со проекти, а не со зборување. И тоа мислам дека веќе го правиме, затоа што не се случило за првите 6 месеци да некој пушти два патни правци коишто се многу значајни – рече Трајановски.