АВТОПАТОТ НА СМРТТА Нова сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, има една жртва
На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране.
Стравична сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Тетово- Скопје, во која има и една жртва.
Според информациите од СВР Тетово до кои дојде порталот Курир, на автопатот Тетово- Скопје во близина на с.Ласкарци, денеска во 17,53 часот, патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од с.Чегране гостиварско, излетало од коловозот.
На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од с.Чегране.
Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Во последните денови ова е трета сообраќајна несреќа со смртни последици.