АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Е 72% ГОТОВ Министерот за транспорт и врски вели дека власта проектот го презела само третина завршен
Тоа значи дека трасата веќе се ослободува за работа бидејќи не можеме да работиме на траса која не е експроприрана, на нечиј приватен имот. Сите овие постапки ги завршивме. Репроектирана е трасата, испроектирани се клучките, поместена е трасата на делницата кај Кичево каде што поминуваше преку резервоар за вода на Кичево. Се работи на целата делница, рече Бочварски, истакнувајќи дека веќе се работи и на асфалтирање на првиот тунел.
Прогресот на работите на автопатот Кичево – Охрид е над 72 проценти, а кога го преземавме проектот во 2017 година беше со 30-ина проценти прогрес и натоварени проблеми, како нерешени имотно правни прашања, лоши проекти, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Тој во гостување на ТВ 21 вечерва истакна дека во изминатиот период направиле сѐшто било потребно за да се работи на автопатската делница. Како Министерство за транспорт и врски ги одобриле проектните документации и ги изработиле потребните проекти.
– Тоа значи дека трасата веќе се ослободува за работа бидејќи не можеме да работиме на траса која не е експроприрана, на нечиј приватен имот. Сите овие постапки ги завршивме. Репроектирана е трасата, испроектирани се клучките, поместена е трасата на делницата кај Кичево каде што поминуваше преку резервоар за вода на Кичево. Се работи на целата делница – рече Бочварски, истакнувајќи дека веќе се работи и на асфалтирање на првиот тунел.
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Инвестицијата изнесува 598 милиони евра.