АВТОПАТОТ ДО БЛАЦЕ КАКО ДА СМЕ ШВАЈЦАРИЈА – 240 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 12 КИЛОМЕТРИ Мора ли планинска траса со 6 километри тунели?

Министерот Александар Николоски вели дека избраната целосно нова планинска траса значително го поскапува проектот на 20 милиони евра за 1 километар.

4,212

Изградбата на автопатот кон границата со Косово, односно кон граничниот премин Блаце, ќе се ревидира, изјави на прес-конференција министерот за транспорт Александар Николоски .

Тој информира дека проекциите на претходното раководство на Јавното претпријатие Државни патишта велат дека тој ќе чини 240 милиони евра, што е далеку над одобрениот кредит од ЕБОР.






– Станува збор за тоа дека е одбрана целосно нова планинска траса од 12 километри, од кои 6 километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, 20 милиони по километар.  Се прави ревизија со Државни патишта, да видиме дали е изводлив овој проект, да видиме дали сепак би можеле да ја користиме постојната траса – рече Николоски.

Тој рече дека оваа првпат јавно кажува дека цената на изградбата го надминува износот на кредитот кој го одобри ЕБОР.

– Ова прв пат го кажувам во јавност. За месец и половина очекувам да излеземе со решение рече тој.

 

Поврзани содржини