АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА И ТЕКСТИЛОТ ГОДИНАВА ВРАБОТУВАЛЕ Останатите сектори кубурат со работници
Во преработувачката индустрија бројот на работници пораснал само за 2% и тоа благодарение на растот на бројот на работници во компаниите за производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 16,9%, производство на текстил од 4,8%, како и компаниите од фармацевтската индустрија каде што бројот на работници е зголемен за 4,7%.
Бројот на работниците во индустријата во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи зголемување од 3,3%, а кумулативно од јануари заклучно со ноември зголемувањето е од 1,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември зголемување на бројот на работници од 3,9% има само во секторот „преработувачка индустрија“. Во останатите сектори пак има намалување на бројот на работници. Така во секторите „рударство и вадење руда“ бројот на работници се намалил за 0,7%, но во секторот „снабдување со електрична енергија , гас, пареа и климатизација“ бројот на работници се намалил за 5,2%.
Кумулативно од јануари од крајот на ноември, пак , бројките се далеку поинакви. Во преработувачката индустрија бројот на работници пораснал само за 2% и тоа благодарение на растот на бројот на работници во компаниите за производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 16,9%, производство на текстил од 4,8%, како и компаниите од фармацевтската индустрија каде што бројот на работници е зголемен за 4,7%. Останатите сектори од преработувачката индустрија годинава бележат намалување на бројот на работниците. Компаниите за производство на останата опрема за транспорт, пак, немаат промена на бројот на вработени.
Во рударството каде што и кумулативните бројки покажуваат намалување на бројот на работници, зголемен број на работници има само во рудниците од 1,9%.
Најголемо намалување на бројот на работници од 10,5% има во дрвната индустрија.