АВТОМОБИЛОТ МОЖЕ ДА ВИ БИДЕ ОДЗЕМЕН ЗА ПРЕКРШОК ВО СРБИЈА Еве кои се прекршоците за кои следи ваква казна

Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот сообраќај за повторени тешки прекршоци полицијата привремено го одзема возилото кое трае до завршување на судскиот процес.

1,929

Денеска во Србија почнува примената на новите оредби од  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои покрај другото предвидуваат и привремено одземање на возилото за повторени тешки сообраќајни прекршоци.

Според законот, сообраќајниот полицаец при направен прекршок пред да го одземе возилото, прво ја проверува евиденцијата за да види дали возачот претходно бил казнет за нив, па дали два пати бил осуден за еден од најдрастичните случаи во период од две години.






Одземањето на возилото трае до завршување на судскиот процес.

Еве кои се прекршоците за кои полицијата може да го одзем возилото:
1. Возење под дејство на алкохол со повеќе од 1,2 промили

2. Одбивање на тестирање за алкохол или дрога

3. Надминување на брзината за повеќе од 80 km/h надвор од населено место

4. Надминување на брзината за повеќе од 70 km/h во населено место

5. Надминување на брзината за повеќе од 60 km/h во училишната зона или зоната „30“

6. Надминување на брзината за повеќе од 50 km/h во зоната со бавен сообраќај

7. Превоз на дете до 12 години на возачко седиште

8. Превоз на дете под 12 години на место кое не е наменето за седење (багажник, табла со инструменти, задна полица, надворешни делови на возилото и сл.)

9. Поминување на најмалку два црвени семафори за помалку од 10 минути

10. Престигнување колона возила преку континуирана (цврста) линија

11. Возење без полагање на која било категорија на возење

12. Возење за време на забрана за возење

13. Возење по одземање на возачка дозвола поради акумулирани казнени поени

14. Возење при привремено исклучување од сообраќај

15. Возење ноќе по неосветлен пат без никакви светла на возилото

16. Престигнување или поминување на возило кое застанува или застанало за да ги пушти пешаците да поминат на пешачки премин

17. Престигнување на конвојот под придружба

18. Да не се пропуштаат возилата со придружба.

Поврзани содржини