АВТОМОБИЛОТ ГОРЕЛ ВО БЛИЗИНА НА ВИКЕНДИЦАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ПАЛЧО? Трагите од запаленото возило се свежи
Новинарска екипа на Телеграф е на терен и се наоѓа во атарот на селото Бразда во Чучер Сандево, каде што, како што покажала истрагата, пронајден бил запалениот автомобил, а телото на убиената Вања било закопано недалеку од местото на викендицата.
Викендицата на родителите на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски, се наоѓа во непосредна близина од местото на коешто вчера било запалено возилото „цитроен“ со коешто било киднапирано девојчето, објави српскиот портал Телеграф.
Новинарска екипа на Телеграф е на терен и се наоѓа во атарот на селото Бразда во Чучер Сандево, каде што, како што покажала истрагата, пронајден бил запалениот автомобил, а телото на убиената Вања било закопано недалеку од местото на викендицата.
„Нашата екипа на лице место дозна дека викендицата на родителите на главниот осомничен за убиството Љупчо Палевски, кој е познат како Палчо, се наоѓа недалеку од местото на коешто се наоѓаат остатоците од запаленото возило. Дека станува збор за викендицата на родителите на главниот осомничен за Телеграф потврдија и македонски новинари, но и жители на селото Бразда. Во дворот на викендицата има паркирано еден автомобил, портата е ширум отворена, но во викендицата нема никој“, објави Телеграф.
Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево објави дека е распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски-Палчо за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а во притвор е ставен и таткото на девојката, Александар Ѓорчевски, поради соучество.
„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела ‘грабнување’ и ‘убиство’ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, наведено е во објавата на МВР.
48-ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА Ѓорчевски е еден од осомничените за убиството