📽️АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ПЕШАЦИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Најмалку 28 повредени, неколку се во критична состојба

Според првичните информации објавени од службите за итни случаи, состојбата на петте повредени е критична и лекарите се борат за нивните животи. Уште десет лица се тешко повредени.

389

Во инцидент што се случи рано утрово по локално време во Лос Анџелес, најмалку 20 лица се повредени, откако возило влета во толпа луѓе на познатиот булевар Санта Моника. Веста ја потврди Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD).

Според првичните информации објавени од службите за итни случаи, состојбата на петте повредени е критична и лекарите се борат за нивните животи. Уште 10 лица се тешко повредени.






Несреќата се случила околу 2 часот наутро по локално време во населбата Ист Холивуд во градот.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат вознемирувачки сцени.

-Наводно, во возилото имало лице кое ја изгубило свеста. Имаме извештаи дека еден од пациентите имал прострелна рана – објаво NBC News.

„На терен има бројни противпожарни и итни единици, како и помошни командни единици, бројни амбулантни возила и камиони со опрема“, објавија пожарникарите.

Поврзани содржини