📽️ 📷 АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО БОЖИЌНА ПАРАДА Тежок инцидент со девет повредени во Холандија

Полицијата истражува како дошло до инцидентот, додека повредените се згрижени во болница.

80

Најмалку девет лица се повредени, од кои три потешко, откако автомобил вечерва влетал меѓу гледачите на „Парадата на светлата“ во градот Нунспет, во централна Холандија.

Локалната полиција соопшти дека засега не е познато што точно се случило, но според првичните информации од истрагата, инцидентот не се третира како „чин на насилство“.

 






Сè уште нема информации за тоа што се случило со возачот на автомобилот, ниту е објавен неговиот идентитет.

Холандските медиуми јавуваат дека на местото на настанот интервенирале повеќе амбулантни возила, како и медицински хеликоптери.

 

Инцидентот се случил за време на традиционалната „Парада на светлата“, на која автомобили украсени со светилки и божиќни декорации парадираат меѓу градовите Елбург и Нунспет. Повредените се гледачи кои присуствувале на настанот.

Поврзани содржини