АВТОМОБИЛ УДРИ ЖЕНА ВО КРУШЕВО Со тешки повреди пренесена во прилепската болница
Жената по несреќата била пренесена во прилепската болница, каде ѝ биле утврдени тешки повреди.
Педесет и четиригодишна жена од Крушево е тешко повредена откако била удрена од автомобил на улицата Мише Ефтим во градот, информира полицијата.
Несреќата се случила на 18 февруари околу 11:15 часот, кога патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П. (36) од Прилеп, удрило во пешакот С.А. (54) од Крушево.
По ударот, повредената жена била пренесена во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Од полицијата соопштија дека увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Крушево.