АВТОМОБИЛ УДРИ ВО РУСКАТА АМБАСАДА ВО РОМАНИЈА Избил пожар, возачот загинал на самото место (ВИДЕО)
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен. Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот успеале да го изгаснат пожарот.
Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата.
Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место.
BREAKING: Man dies after setting himself on fire and crashing car into the Russian Embassy in Bucharest pic.twitter.com/QTFUtYEGaE
— BNO News (@BNONews) April 6, 2022
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен. Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот успеале да го изгаснат пожарот.
Засега нема информации за евентуалниот мотив или други детали.
Романија, која има долга копнена граница со Украина, прими повеќе од 600.000 бегалци откако Русија ја нападна таа земја.