АВТОМОБИЛ УДРИ НОВИНАРКА ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО Таа одлета од ударот, но ја завршила репортажата (ВИДЕО)

Се е во ред, сите сме добро - рекла репортерката на Ен-Би-Си откако повторно се појавила пред камера, па се обидела да го смири колегата во студиото, но и шокираниот возач.

1,873

Тори Џорџи, репортерка на американскиот Ен-Би-Си, беше удрена од автомобил додека известувала во програма во живо. Таа извесно време не се гледаше на екранот, а потоа стана и заврши со одговорот.

– Само што ме удри автомобил, но добро сум – му рекла на водителот кој бил изненаден.






Одзади ја удрил автомобил и ја соборил неа и нејзината камера. Водителот во студиото делуваше загрижено, додека Џорџи ја немаше на екранот.

– Се е во ред, сите сме добро – рекла репортерката на Ен-Би-Си откако повторно се појавила пред камера, па се обидела да го смири колегата во студиото, но и шокираниот возач.

Водителот Тим Ајра подоцна објасни на Твитер дека тој така реагирал затоа што ја слушнал само аудио снимката.

– Така е кога се снима во живо, но се испадна добро – напиша тој.

Она што многумина ги изненади е фактот што не е првпат Тори да ја удри автомобил, како и нејзината реакција по инцидентот откако ја пофали жената зад воланот, пренесува „Huffington Post“.

– Таа жена беше многу фина. Таа не сакаше да се случи ова, ова беше несреќа, знам дека е. Добро сум и се е во ред – рече таа.

Потоа новинарката своето обраќање во програмата го заврши со извештај за временската прогноза, според планираното.

Водителот Тим ​​рече дека Тори веднаш била пренесена во брзата помош.

– Ова беше страшен момент за неа. Таа е млада, но е голем професионалец – рече тој.

Ова беше последната недела на Тори на истото работно место, бидејќи од 1 февруари работи за телевизијата Еј-Би-Си во Питсбург.

 

Поврзани содржини