📽️ АВТОМОБИЛ СЛЕТА НА КРОВ ОД КУЌА ВО ШТИП Возачот загубил контрола и излетал од патот
За негова среќа, возачот, кој бил сам во возилото, не е повреден. Според информациите причинета била само мала материјална штета.
Автомобил хонда околу 2 часот утрово се преврте на улицата Стојан Рибата во централното подрачје на Штип.
Од видеото на локалната телевизија Стар се гледа дека автомобилот излетал од коловозот, ја урнал заштитната ограда и завршил врз покривот од куќа.
За негова среќа, возачот, кој бил сам во возилото, не е повреден. Според информациите причинета била само мала материјална штета.
Извшен е полициски увид, по што ќе се знаат повеќе детали.