АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТЕ ПРЕД МАНУ Нема повредени

Според МВР, утрово во 02.55 часот било пријавена сообраќајна незгода на булеварот Крсте Мисирков каде што патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистерски таблички изгубило контрола и се превртело.

3,411

Автомобил се превртел ноќеска на булеварот Крсте Мисирков пред зградата на МАНУ. За среќа, нема повредени патници, а причинета е само материјална штета. Возачот Љ.Ч. (45) не е повреден.

Според МВР, утрово во 02.55 часот било пријавена сообраќајна незгода на булеварот Крсте Мисирков каде што патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистерски таблички изгубило контрола и се превртело.






Сообраќајот се одвива нормално, а местото на несреќата е обележано со заштитни конуси.

Фото: Независен

Поврзани содржини