📽️ АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ Млад возач удрил во ограда и објект во Автокманда

18-годишен возач излетал од патот на влезот во Скопје и удрил во ограда и објект. За среќа, нема повредени.

0

Осумнаесетгодишен возач синоќа изгубил контрола над автомобил и излетал од коловоз на булеварот Александар Македонски, на влезот во Скопје кај бензинската на Лукоил.

Несреќата се случила околу 21 часот, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (18), најпрво удрило во заштитна ограда, а потоа и во објект покрај патот.






И покрај силниот удар, во инцидентот нема повредени лица, што, според првичните информации, спречило посериозни последици.

На местото на настанот извршен е увид, а надлежните работат на утврдување на причините за несреќата. Според информациите кои ги имаме, сообраќајот на оваа делница бил времено затворен. Возилата кои влегувале во Скопје биле пренасочени преку надвозникот од Ченто кон Маџари, при што се создала голема колона.

Поврзани содржини