АВТОМОБИЛ ИЗГОРЕ НА ПАТОТ СТРУМИЦА-ДАБИЛЕ Го гаселе пет пожарникари

250

На патот Струмица-Дабиле синоќа во 23:30 часот е пријавен пожар во кој изгорел автомобил, соопштија од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.






Според информациите добиени од пожарникарите, во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари. Кога пристигнале на местото пожарот веќе бил во разгорена фаза.

Од ТППЕ додадоа дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, огнот бил локализиран и изгаснат за кратко време.

Поврзани содржини