Автомат клубовите „Адмирал“ донираа средства за дезинфекција во вредност од 20.000 евра за болницата во Гостивар

231

 

Автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од Групацијата Новотматик во Македонија донираа дезинфикциски средства во ЈЗУ Општа Болница во Гостивар, во износ од 20.000 евра. Претходниот период во оваа болница компанијата донираше и електронски болнички кревети со цел полесно да се справи со зголемената бројка на примени пациенти заразени од вирусот ковид-19.






– Во ова неизвесно време кога сите се трудиме да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили, кога здравствените работници и сите здравствени институции силно стојат во првите редови во борба против пандемијата од ковид-19 вирусот, се чувствуваме обврзани да пружиме помош онаму каде што е најпотребно – велат од компанијата.

Оваа донација е дел од хуманитарна акција на повеќе компании, членки на Групацијата Новоматик во Македонија кои донираа болнички кревети и дезинфикциони средства во пет различни здравствени институции во нашата држава. Донираните средства од целата хуманитарна акција се во износ од 200.000 евра.

 

Поврзани содржини