АВТОБУСОТ НАГЛО ЗАКОЧИЛ, ЖЕНАТА „ЛЕТНАЛА“! Патничка тешко повредена возејќи се во градски превоз

Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски", а дошла и полиција за да изврши увид.

482

На булеварот „Кочо Рацин” во Скопје вчера околу 13 часот автобус на ЈСП управуван од Б.Т.(50) од Скопје за да избегне сообраќајна незгода, нагло запрел, при што во автобусот паднала патничката У.А.(46) од Скопје – информира МВР во својот билтен.

Патничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Поврзани содржини