АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ ВО КРИЗА За 15% е намален бројот на превезени патници

Намалување на превозот има во сите сегменти, а најмногу во меѓународниот превоз каде што намалувањето е за повеќе од 30%.

109

Во второто тримесечје од 2024 година, во патничкиот патен превоз биле превезени вкупно 10.686.000 патници, што е намалување од 15,1 % во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14,5 %, во приградскиот превоз за 16,5 %, во меѓуградскиот превоз за 9,9 %, а во меѓународниот превоз е намален за 30,3 %.






Во второто тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 19,5 %.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13,6 %, во приградскиот превоз е намален за 13,7 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 0,9 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,7 %

Поврзани содржини