Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска продолжуваат да сообраќаат во две смени, од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.
Како што соопштуваат од ЈСП, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Согласно саботниот возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 часот па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02, 7.46, 8.08 (последен наведен термин пред 9 часот), па 12.32 (прв наведен термин од 13 часот), 13.38, 14 и 14.22 (последен наведен термин пред 16).
Билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје ќе работат од 7.30 до 14 часот.
Центрите за персонализација се отворени од 7.30 до 14 часот во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар. Услугите на ЈСП Скопје може да се купат и во повеќе од сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
– Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции – наведуваат од ЈСП.
Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите). Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.