Автобусите во сабота ќе сообраќаат по редовен возен ред, а во недела и понеделник по празничен
Во сабота и недела билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Градските автобуси за време на претстојниот, продолжен празничен викенд, односно во петок, недела и вопонеделник ќе сообраќаат до 21 часот по неделен возен ред, додека во сабота, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаен возен ред, без временски ограничувања, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Во сабота и недела билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Во петок (30.04.2021 год) и понеделник (3.05.2021 год), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и на 100 локации од секундарната продажна мрежа (трафики, маркети, тобака).