АВТОБУСИТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СООБРАЌААТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот

Во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

92

Во понеделник поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам,  јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираа од Јавното сообраќајно претпријатие..

Оттаму информираат дека во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров, додека утре сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено. Недела пак е неработна за  сите продажни места.






Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.

 

Поврзани содржини