Автобусите на ЈСП за празникот нема да возат, утре ќе возат по неделен возен ред

Утре, дежурни ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација

4,370

Ацтобусите на ЈСП утре  ќе возат по неделен возен ред и  во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 16 часот.За време на викендот и во понеделник јавниот превоз во градот нема да функционира поради забраната за движење донесена од владата.

Утре, дежурни ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација.






Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.

Согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник (21.04.2020 год), јавниот превоз нема да функционира.

Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје.

Поврзани содржини
na