АВТОБУСИТЕ ЈА НАПУШТААТ ИЛИНДЕНСКА Приватниците ја отстрануваат блокадата, ама сакаат да разговараат со премиерот (ФОТО)

Превозниците велат дека ќе ги тргнат блокадите со цел да им дадат шанса на преговорите.

489

Приватните превозници започнаа да ги отстрануваат автобусите од блокадата на Илинденска.

Ваквата одлука предмалку беше соопштена на прес-конференцијата што ја одржа „Слобода превоз“, а на која беше најавено дека по 16.30 часот нема да има блокада пред Град Скопје.






Превозниците велат дека ќе ги тргнат блокадите со цел да им дадат шанса на преговорите.

Инаку, во текот на денот премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема немара да ги прими приватните превозници додека не ги тргнат автобусите од улиците.

Тој рече дека е подготвен за разговор за изнаоѓање на решение за проблемот на приватните превозници, но не под закани, уцени и притисоци.

Поврзани содржини