📷 АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ СРЕМСКА МИТРОВИЦА, ПОВЕЌЕ ОД 83 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ Две лица загинаа во несреќата

Од правец на Сремска Митровица кон Рума, можат да се забележат повеќе амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак, јавуваат српските медиуми.

440

Две лица загинаа откако се преврте автобус на патот Сремска Митровица – Јарак попладнево. Според последните информации, во несреќата се повредени 83 луѓе, јавија српските медиуми. Полицијата, пожарникарите и екипите на брзата помош се на местото на несреќата.

Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот. Мондо пренесува дека свтобусот се превртел на кров и дека пожарникарите се обидуваат да ги спасат заробените лица.






„Автобусот превезувал работници од компанија во Рума, според неофицијални информации. Истрагата е во тек, причината ќе биде позната по увидот на самото место“, се вели во објавата.

Српските медиуми споделија фотографии од местото на несреќата.

Сообраќајот на патот од Засавица до Рума моментално е затворен поради велосипедска трка. Од правец на Сремска Митровица кон Рума, можат да се забележат повеќе амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак, јавуваат српските медиуми.

 

 

Поврзани содржини