АВТОБУС УДРИ ВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО СРБИЈА Децата право во болница, возачот во бегство (ВИДЕО)

Во несреќата повредени се пет лица. Двегодишно дете кое си играло и четири лица кои биле внатре во автобусот.

355

Автобусот број 45 кој возел во Земун удрил во детско игралиште на улицата Краишка 71а и повредил двегодишно дете и уште четири лица кои биле во автобусот, пишува Мондо. Повредените лица се на пат кон болницата, а возачот на автобусот е во бегство.






Како што се гледа и од видеото, автобусот поминал низ целото игралиште и застанал дури откако удрил во еден паркиран автомобил.

Непознати се засега причините заради кои возачот изгубил контрола над автобусот и влетал во детското игралиште. Од четирите лица кои биле во автобусот три биле малолетни.

 

 

Поврзани содржини