Автобус со тинејџери вратени од Халкидики, ставен во изолација поради сомнителен на ковид-19

Тинејџерите летувале на Халкидики. Досега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран.

2,488

Автобус со тинејџери во кој имало и возрасни лица кои во понеделникот се вратиле од летување на Халкидики, Грција е ставен во изолација поради пациент сомнителен за ковид-19, објави  СДК.

Според информацијата на порталот досега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран.






Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова вели дека во моментов се прави епидемиолошка анкета на сите патници, додека  еден од нив е со симптоми и ќе биде тестиран утре.

 

Поврзани содржини