АВТОБУС СО 40 ДЕЦА СЕ ПРЕВРТЕ НА АЛПИТЕ 18 деца имаат полесни повреди

401

Автобус со деца се преврте на француските Алпи, при што се повредени најмалку 21 лице. Според информациите на локалните медиуми, возилото превртело по падина и завршило во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование.

– Најтешко повредени се возачот и сопатникот, а 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди –  изјавил Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.






Регионалниот обвинител започнал истрага, а градоначалникот изјавил дека голема е веројатноста возачот да имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.

Локалните власти за француските медиуми изјавиле дека при падот на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.

Поврзани содржини