Полицијата денеска на граничниот премин Табановце констатирала непочитување на законите кај автобус кој вршел меѓународен превоз на патници.
„При контрола на автобус сопственост на туристичка агенција од Скопје, било констатирано дека нема задна регистерска табличка, за што е изготвен соодветен поднесок, а, исто така, констатирано е дека вториот возач А.Б. не поседува лекарско уверение како и сертификат за професионален возач за меѓународен прево на патници и во соработка со Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачот и правното лице“, соопшти МВР.