АВТОБУС НА ЈСП УДРИ ПЕШАК НА УЛИЦАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Жената е пренесена во Клинички центар

Повредената била пренесена во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани телесни повреди.

0

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје на линијата број 4 денеска околу пладне удрил во 55-годишната Д.П. од Скопје на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Повредената била пренесена во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани телесни повреди.






На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Поврзани содржини