АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИЛ 55-ГОДИШНА СКОПЈАНКА Жената со тешки повреди е однесена во болница

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, наведено е во полицискиот билтен.

701

55-годишна жена е тешко повредена откако била удрена од автобус на ЈСП, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. 7 во село Батинци, Скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница Св. Наум Охридски“, информираат од МВР.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини