АВТОБУС НА ЈСП „ИСПУШТИ ДУША“ КАЈ ВЛАЕ По пожарот, се расипа друго возило на Јавното претпријатие
Претходно денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но сѐ уште нема официјални податоци за причините.
Откако денеска двокатен автобус се запали кај Транспортниот центар во Скопје, попладнево се сервисираше уште едно возило кое се расипа на сред пат. Станува збор за автобус од линијата 5, кој се расипа во Влае, пренесува порталот Република.
Претходно денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но сѐ уште нема официјални податоци за причините.
Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.
Пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување на пожарот.
Инцидентите следат по излетувањето на автобус кај ТЦ „Мавровка“, до кое најверојатно дојде поради неиспавен волан.
ГОРЕШЕ АВТОБУС НА ЈСП ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА Возилото било паркирано и без патници во него