Автобус излетал од патот кај Битола, повредени четворица патници од Албанија

Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

321

Возачот и тројца патници се повредени откако автобус излетал утрово од патот Битола-Прилеп, кај селото Алинци, соопшти МВР.

Несреќата се случила утринава околу 06.10 часот. Во СВР Битола било пријавено дека автобус со албанска национална ознака излетал од магистралниот пат.






Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

Поврзани содржини