АВТОБУС И КОМБЕ ВОЗЕЛЕ ВО СТРАНСТВО БЕЗ СООДВЕТНИ ДОКУМЕНТИ Ги откриле на Табановце, следуваат казни

При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57) од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат од МВР.

50
Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце вчера при контрола утврдиле дека со автобус и комби кои немале соодветна документација се вршел меѓународен превоз на патници.





„При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57) од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација“, информираат од МВР.Од Министерството додаваат дека од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.
Поврзани содржини