АВТО-ПЕРАЛНА ДОБИ 30 ДЕНА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА Инспектори реагирале откако граѓани се пожалиле поради бучавата до Општина Карпош

Правниот субјект добил прекршочен налог кој требало да го плати, но откако одбил, инспектор од општината дал налог за 30 деневна забрана за работа.

20,557

По пријава од загрижени граѓани за прекумерна бучава во населбата Карпош 2, локалната самоуправа реагираше и презеде мерки против самоуслужната авто-перална која се наоѓа на булеварот 8-ми Септември, спроти СЦ „Борис Трајковски“.

Инспектор за животна средина од општина Карпош веднаш излезегол на терен и спровел вонреден инспекциски надзор во објектот на правниот субјект ДПТУ „Делта Центар“ ДООЕЛ-Скопје, кој се занимава со миење на моторни возила.






Според информациите од општината, по мерењата направени од акредитираната фирма „Еуромакконтрол“, била утврдена прекршена дозволена граница за бучава, што резултирало со забрана за вршење на дејноста.

„Откако добивме извештај од фирмата која ги изврши мерењата, беше потврдено дека нивото на бучава го надминува дозволеното“, велат од Општина Карпош.

Поради ова, на 30.12.2024 година, на правниот субјект му бил издаден прекршочен платен налог. Како што информираат од општината, правниот субјект не ја прифатил постапката и не ги платил налозите, по што случајот бил препратен до надлежен орган.

Следниот ден, на 31.12.2024 година, општинскиот инспектор за животна средина донел решение за забрана на вршењето на дејноста на авто-пералната на период од 30 дена. Оваа мерка е во согласност со законот и има за цел заштита на правата на граѓаните кои се изложени на прекумерна бучава, што го нарушува нивниот квалитет на живот.

„Инспекциските служби на Општина Карпош продолжуваат со својата работа и постапуваат согласно своите надлежности, обезбедувајќи мир и тишина за граѓаните“, додаваат од општината.

Поврзани содржини