Австриско село си гo промени името, а досега се викаше „Fucking“ (ФОТО+ВИДЕО)

Претходното име беше тешко да го проголта локалното население, бидејќи беше предмет на потсмев, аналогии и секакви работи на социјалните мрежи.

809

Австриско село кое што досега се викаше „Fucking“ си го промени името, а неговите жители сега ќе живеат во „Fugging“.

Претходното име беше тешко да го проголта локалното население, бидејќи беше предмет на потсмев, аналогии и секакви работи на социјалните мрежи.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by jutta (@jutta.travel)

Записникот од состанокот на општинскиот совет, објавен во четвртокот, покажува дека од 1 јануари 2021 година селото ќе се вика „Fugging“.

Селото има население од околу 100 луѓе и се наоѓа на 350 километри источно од Виена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malluzz hub ™ (@malluzz_hub)

Огромен број туристи кои говорат англиски јазик, направија селфи пред знакот на влезот на селото, понекогаш во прилично непристојни пози, кои потоа ги објавија на социјалните мрежи.

Самиот знак честопати мораше да се менува поради интересот на крадците за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANZVERBOT (@tanzverbotrl)

Поврзани содржини