Првиот човек на Одделот за хумана медицина на австриската Агенција за безбедност на храна (AGES), Франц Алербергер, за виенскиот неделник Profil вели дека стапката на зараза со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е дури 50 отсто.
Алербергер, смета дека заразата на Балканот е десет пати поголема отколку што покажуваат официјалните бројки.
– Локалното население во Вухан или Ишгл го имаше тој степен на заразеност – вели австрискиот експерт и потсетува дека во австрискиот ски центар Ишгл, кој беше европско жариште на почетокот на пандемијата, стапката на зараза беше 43 проценти според серолошките тестови.