Австриски синдикат бара платена пауза од заштитни маски за трговците

ГПА укажува дека постојат случаи каде вработените, поради проблеми со дишењето под маска, колабираат на работното место.

261

Австрискиот синдикат ГПА бара платена 15-минутна пауза во продавниците по двочасовно работење со заштитна маска.

– Вработените во продавниците извршуваат тешка работа на овие високи температури со маска и затоа им е потребно олеснување. Тие наутро преместуваат околу еден тон овошје и зеленчук, потоа два часа работат на одделот за послужување топла храна при големи горештини и на крај работат на каса, понекогаш под притисок на нељубезните купувачи. Тоа е тешка работа, која е уште потешка со маска –  истакна претседателката на синдикатот, Барбара Теибер.

Синдикатот апелираше до Владата „на вработените во супермаркетите, кои се херои во овој тежок период, да им се даде поддршка и да се воведат платени паузи од заштитните маски“.

ГПА укажува дека постојат случаи каде вработените, поради проблеми со дишењето под маска, колабираат на работното место.

Поврзани содржини