Австриски министер: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да биде на агендата на португалското претседателство

536

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска во Лисабон изрази жалење поради тоа што разговорите за членство со Северна Македонија и Албанија не започнаа за време на германското претседателство со ЕУ.

Во разговор со неговиот домаќин, шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, Шаленберг се заложи проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да биде на агендата на претседавањето на Португалија со ЕУ, во првата половина на следната година.






Шалленберг изјави дека е штета што останатите членки на ЕУ не успеале да ја убедат Бугарија да се откаже од блокадата на европскиот пат земјава, но нагласи дека сепак на одлагањето на процесот на проширување на Унијата свое влијание имала и пандемијата на коронавирусот.

Поврзани содржини