Австриската министерка која на венчавката играше со Путин стана член на Одборот на директори на „Роснефт“

Карин Кнајсл стана светски позната откако го покани Путин на нејзината венчавка во 2018 година кога Русија беше ставена во изолација поради анексирањето на украинскиот полуостров Крим.

1,390

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, која танцуваше со Владимир Путин на нејзината венчавка, доби место во Одборот на директори на рускиот гигант на нафтената индустрија под контрола на државата „Роснефт“, објави компанијата.

Карин Кнајсл стана светски позната откако го покани Путин на нејзината венчавка во 2018 година кога русија беше ставена во изолација поради анексирањето на украинскиот полуостров Крим.






Тогаш, слики од нејзиниот танц со рускиот лидер во Гамлиц во  Штаерска го обиколија светот, а австриската влада тогаш доби критики од партнерите во ЕУ.

Путин, по се изгледи не ја заборави услугата на Кнајсл за излегување од изолација, па и врати со членство во управниот одбор на една од најсилните светски компании за нафта.

Покрај Карин Кнајсл, кој е  член во Надзорниорт одбор на „Роснефт“ се уште и Ханс-Георг Рудлоф (претседател на Комитетот) и Матијас Варниг.

Претседател, пак, на Одборот на директори на компанијата е  екс-германскиот канцелар Герхард Шредер.

 

Поврзани содржини