ПРИВЕДЕН ДИЛЕР НА ХЕРОИН – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Кичево. Тој, на 18.05.2020 година, на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, на едно лице му продал хероин.
КОКАИН КАЈ БИТОЛЧАНЕЦ – СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(48) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.08.2019 полициски службеници, при извршен претрес во неговиот дом во Битола, пронашле и одзеле кокаин.
ЛАДА И ТРАКТОР СЕ СУДРИЛЕ – На 21.10.2020 во 18.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај место викано „Босја бара“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Струга и трактор „ИМТ-539“, со приклучна приколка без регистарски ознаки, управуван од П.Н(37) од с.Големо Коњари, прилепско. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото М.Ф.(52) од Струга, а со телесни повреди се здобиле Џ.Б.(31) и малолетник, сопатници од истото возило, двајцата од Прилеп, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
НАПАДНАТ И ОГРАБЕН – На 21.10.2020 во 19.45 часот Б.Ј.(46) од Скопје пријавил дека во населбата Аеродром бил физички нападнат од едно лице кое му одземало пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОЧИНА РАБОТНИК – На 21.10.2020 во 10.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во фабрика, при извршување на работни задачи, С.С.(53) од Скопје при пад се здобил со повреди и починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.
ГРИЗНАТА ОД КУЧЕ – На 21.10.2020 во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.А.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Вера Јоциќ“ била касната од куче скитник.
ИСЧЕЗНАТ СИН – На 21.10.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, Џ.К.(43) од Скопје пријавил дека неговиот син Н.К.(22) од Скопје самоволно се оддалечил од дома. Според пријавеното, Н.К. најверојатно е со неговата познаничка Е.С. од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ИСТЕПАНИ НА БИТ ПАЗАР – На 21.10.2020 во 16.03 часот во СВР Скопје, С.Љ.(22) од Скопје пријавил дека околу 15.55 часот, тој и В.Л.(40) од Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МАЛО ДЕВОЈЧЕ КАСНАТО ОД КУЧЕ – На 21.10.2020 во 13.20 часот во СВР Скопје, А.А.(42) од Скопје пријавила дека во парк на бул.„Јане Сандански“, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
ТЕПАЧКА ВО КАФАНА – СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(41) и Д.Ц.(37), двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените на 28.07.2020, околу 23.00 часот, во угостителски објект во с.Стрновац, физички го нападнале Р.М.
ПРИВЕДЕН АВСТРИЕЦ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Д.(24) од Р.Австрија, со живеалиште во с.Беловиште, гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.12.2019 на ул.„Живко Брајковски“ во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“, во кое како совозач бил пријавениот, кај кого била пронајдена марихуана, две дробилки и кутија со ризли.
НАПАД ПРЕД ЗГРАДА – На 21.10.2020 во 20.00 часот во СВР Скопје, Е.Г.(40) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот пред зграда на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од З.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ХЕРОИН ВО СВЕТИ НИКОЛЕ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.И.(42) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.07.2020 во 21.15 часот во Свети Николе полициски службеници, при преглед над Д.Б., пронашле хероин.
МЕШАНИЦА ВО КАЗИНО – На 22.10.2020 во 01.40 часот Н.А.(51) од Скопје пријавил дека во населбата Аеродром во казино бил нападнат од едно лице, а потоа пред казино во нападот се вклучиле неколку лица, кои му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
КОКАИН ВО ЏЕБОТ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(53) од с.Голема Речица, Тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.11.2019 околу 00.30 часот во угостителски објект во Тетово, сопственост на пријавениот, од полициски службеници при СВР Тетово при акциска контрола, бил пронајден кокаин.
ГРАДЕЛ БЕЗ ДОЗВОЛА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р. (35) од с.Мала Речица, Тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на месец мај 2020, во својство на инвеститор во Тетово, на место викано „Деребој“, на катастарска парцела во КО Тетово изведувал градежни работи и изградил станбена куќа без соодветна дозвола за градба издадена од надлежен орган
НАПАД ВО КАЗИНО – На 22.10.2020 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Бит Пазар, две лица со закана од вработената одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.
НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ ПРОТОКОЛИТЕ – СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и И.В.(45) од Струмица, управител на наведеното правно лице, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 04.10.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 22.10.2020)