Австриец ќе плати 1000 евра казна поради закана кон Курц на социјална мрежа
Австриецот на својата слика на профилот го додал натписот „Убиј го Курц“ и под објавата на познајник додал дека канцеларот треба да се заколе, на што додал симболи на нож и сабја.
Австриец е осуден на парична казна од 1000 евра бидејќи му се заканувал на канцеларот Себастијан Курц на социјалните мрежи.
Обвинетиот пред судот изјавил дека жали за заканата, и дека причината била што бил лут поради корона мерките воведени од Владата, со кои тој не се согласувал.
Тој на својата слика на профилот го додал натписот „Убиј го Курц“ и под објавата на познајник додал дека канцеларот треба да се заколе, на што додал симболи на нож и сабја.
Државното обвинителство оцени дека тоа е повик за кривично дело и поддршка на кривично дело, како и кршење на законот за медиуми, за што е предвидена казна затвор до две години.
Сепак, судот одлучи да го казни Австриецот само со парична казна наместо со затвор и тој мора да плати 1.000 евра до средината на април.