АВСТРИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА „БЛЕКАУТ“ Земјата наскоро би можела да има проблем со електричната енергија
Мрежата за снабдување со електрична енергија која во поголем дел е вклучена од обновливи извори на енергија станува се повеќе подложна на осцилации и на тој начин доаѓа до прекини во производството.
Како мерка на претпазливост, Австрија се подготвува за можен „блекаут“, односно губење на снабдувањето со електрична енергија во земјата.
Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер потпиша договор за соработка со менаџментот на компанијата која управува со високонапонската мрежа АПГ.
Договорот предвидува дека полицијата ќе добие предупредување два часа пред да се појават проблемите во домашната мрежа, за да може да се подготви за прекин на електричната енергија во земјата.
Мрежата за снабдување со електрична енергија која во поголем дел е вклучена од обновливи извори на енергија станува се повеќе подложна на осцилации и на тој начин доаѓа до прекини во производството.
Со цел да се стабилизира мрежата, АПГ повторно склучи договори со гасни електрани, за да може да ја стабилизира мрежата со вметнување електрична енергија од тие централи.
Таа веќе го направи тоа 160 пати во оваа година.
Искуството на АПГ покажува дека „блекаут“ може да се совлада за десет часа, но може да трае до 30 часа.
Нехамер посочи дека полицијата, во случај на прекин на електричната енергија во земјата, може да биде во целосна функција три дена и да обезбеди сигурност седум дена.
Во таа насока, за 100 полициски центри, кои го вклучуваат Министерството за внатрешни работи, седиштето на специјалните единици и разузнавачката служба, во моментов се работи на тоа да станат автономни и независни од мрежите за снабдување во случај на прекин на електричната енергија и настанување на хаос.