АВСТРИЈА СЕ ОТКАЖА ОД НЕУТРАЛНОСТА? Земјата ќе испрати војници во европските сили

Војната на Путин во Украина покажа колку ни е потребна заедничка надворешна и безбедносна политика, изјави министерката за одбрана на Австрија.

391

Министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер, најави дека војската на нејзината земја ќе учевствува во силите за брза интервенција на Европската Унија.

– Неутралноста на Австрија не е пречка за учество во единиците за брза интервенција – вели министерката.






Танер предочи дека ЕУ во иднина ќе се соочува со голем број на предизвици.

– Војната на Путин во Украина покажа колку ни е потребна заедничка надворешна и безбедносна политика – изјави таа.

Поврзани содржини