🎥АВСТРИЈА ОТВОРИ ЕДЕН ОД НАЈДОЛГИТЕ ТУНЕЛИ ВО СВЕТОТ Возовите од Грац до Клагенфурт ќе се движат со 250 километри на час

Изградбата на тунелот е дел од поширок проект за модернизација на железничката инфраструктура, кој започна во 1995 година и вклучува нова линија, модерна раскрсница Вестштајермарк и подобрување на главните регионални станици.

175

Во Австрија официјално беше пуштен во употреба новиот железнички тунел Коралм, долг 33 километри, кој ги поврзува градовите Грац и Клагенфурт. Тоа е еден од најважните инфраструктурни проекти во оваа земја, низ кој возовите ќе се движат со брзина до 250 километри на час.

Тунелот, пробиен под планинскиот масив Коралп на југот на Австрија, помеѓу Штаерска и Корушка, значително го скратува времето на патување – рутата помеѓу Грац и Клагенфурт сега се поминува за само 39 минути, објавуваат локалните медиуми.






Редовниот железнички сообраќај низ тунелот Коралм започнува во недела, а интересот на патниците е голем – веќе се резервирани повеќе од 5.500 билети за првите возења.

Извршниот директор на Австриските железници ÖBB, Андреас Мате, изјави дека отворањето на тунелот е историски момент за компанијата и земјата, бидејќи Штаерска и Корушка се поврзани за прв пат со толку брза и модерна железничка линија.

– За железничката компанија ÖBB, ова е историски чекор што ги поврзува Штаерска и Корушка како никогаш досега – рече извршниот директор на таа компанија, Андреас Мате.

Изградбата на тунелот е дел од поширок проект за модернизација на железничката инфраструктура, кој започна во 1995 година и вклучува нова линија, модерна раскрсница Вестштајермарк и подобрување на главните регионални станици.

Проектот има и меѓународно значење, бидејќи ќе го скрати патувањето до Трст и Венеција за повеќе од два часа, со што дополнително ќе се зајакне врската со Јадранското Море и пристаништето во Трст. Австриските власти истакнуваат дека тунелот Коралм претставува нова стратешка железничка оска помеѓу Централна Европа и Јадранското Море.

Поврзани содржини