Австрија користи дронови за контрола на ограниченото движење

Загрижените граѓани укажуваат на кршење на мерките и полицијата сериозно го сфатила секој повик и го проверува.

296

Полицијата во Австрија поднела 2.883 пријави до синоќа за неисполнување на мерките на австриската влада со цел намалување на социјалните контакти, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

– Ние сѐ уште имаме ситуација кога 95 проценти од населението соработува совршено, а 5 проценти не го разбрале тоа и полицијата константно постапува против нив – рече Нехамер во изјавата за радиото Ое1.






Тој додаде дека загрижените граѓани укажуваат на кршење на мерките и полицијата сериозно го сфатила секој повик и го проверува.

Нехамер потврди дека дронови биле користени и за почитување на мерките за ограничено движење.

Поврзани содржини
na