АВСТРИЈА ДОБИ НОВ КАНЦЕЛАР Карл Нехамер е новиот премиер и лидер на Австриската народна партија

Нехамер беше задолжен за спроведување на тврдоглавата имиграциска политика на поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој вчера објави дека се повлекува од политиката, што доведе до тоа канцеларот Александар Шаленберг да објави оставка.

231

Раководството на Австриската народна партија го избра министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за нов претседател на партијата, а со тоа и за канцелар на Австрија, соопштија од партијата.

Нехамер беше задолжен за спроведување на тврдоглавата имиграциска политика на поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој вчера објави дека се повлекува од политиката, што доведе до тоа канцеларот Александар Шаленберг да објави оставка.






Шаленберг вчера изјави дека верува оти функциите на канцелар и лидер на партијата треба да ги извршува едно лице, а дека не сака да биде претседател на партијата, пренесе Ројтерс.

– Затоа, ќе ја ослободам функцијата канцелар штом ќе се постави релевантен курс во партијата – посочи Шаленберг.

Поврзани содржини