АВСТРИЈА БАРА РЕШЕНИЕ ЗА СТАТУСОТ НА ВОЗАЧИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ Треба да биде прифатливо и одржливо за возачите и за институциите во Брисел

Претседателот на Српската стопанска комора (PKS) Марко Чадеж пренесува дел од разговорите со Северин Грубер, генерален секретар на австриското Министерство за економија, енергетика и туризам, и со претседателката на Австриската стопанска комора, Марта Шулц.

92

Австриската влада и Австриската стопанска комора ја поддржуваат да се изнајде прифатливо решение за проблемот со кој се соочуваат професионалните возачи на камиони од Србија и регионот при влегување и престој во земјите од Европската Унија.

Ова го изјави претседателот на Српската стопанска комора (PKS) Марко Чадеж по средбите во Виена со Северин Грубер, генерален секретар на австриското Министерство за економија, енергетика и туризам, и со претседателката на Австриската стопанска комора, Марта Шулц, објавија српските медиуми.






Чадеж, како што изјави, на средбите наишол на разбирање за проблемите со кои се соочуваат транспортните компании и возачите на камиони поради примената на Шенгенските правила 90/180, кои го ограничуваат времетраењето на престојот во Европската Унија.

– Австрија и нејзините институции ја разбираат важноста на ова прашање за транспортниот сектор и ја поддржуваат иницијативата за наоѓање прифатливо и одржливо решение за возачите и за институциите во Брисел. Имаме голема поддршка од нашите партнери заедно да најдеме модел што ќе им овозможи на возачите на камиони од Србија и регионот да ја извршуваат својата работа без пречки. Ова е важно не само за Србија, туку и за европските синџири на снабдување – рече Чадеж.

Тој потсети на позитивниот пристап на Хрватска кон решавањето на проблемот и дека Министерството за внатрешни работи на Хрватска предложило измена на Законот за странци со цел да се олесни положбата на возачите од балканскиот регион.

Предложените измени предвидуваат воведување виза за долгорочен престој, која веќе постои во законодавството, а која би важела една година наместо сегашните 30 дена.

Поврзани содржини